Космонаутко за навредите на вчерашниот протест: Докторите не се убијци само заради нечии непромислени изјави

Фото: Facebook/Денис Јанкуловски / EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Нашиот најпознат медицински техничар, Денис Јанкуловски кој е познат по прекарот Космонаутко, со објава на Фејсбук го искажа својот став за вчерашниот протест на граѓани кои го изразија своето незадоволство од новите рестриктивни мерки кои стапија на сила од денес.

– И покрај навредите кои некогаш беа преголеми, сепак ние си продолживме со нашата работна задача, почитувајќи го чичко Хипократ.

Ние сестрите, но и болничарите, докторите, хигиеничарите, помошниот персонал, администрација, набавки, управа како и доброволците, волонтерите и сите добронамерни луѓе , некои со документ за заклетва, некои не, но сите ја носиме во срцето и оттаму таа ни е водилка низ оваа лудница од секаков вид. А сѐ тоа е со една цел – драгоцениот човечки живот.

Така што, ни докторите не се убијци само заради нечии непромислени изјави. Или може и вака, убијци на вирусот. Е, тоа да.

Да, зборовите болат, погодуваат, нервираат, но не нѐ кршат.

Без нервоза, имаме уште работа, мора да бидеме уште јаки зошто тоа и се очекува од нас. А јаки сме, нели?

А ќе има уште погани усти. Нив ништо не ги мие. Толку им дал тој на кој се повикуваат, стои во неговата објава.

ФОТО+ВИДЕО l „Мое тело, божја сопственост“: Невакцинираните граѓани протестираа против новите ковид-мерки

Д-р Чадиковски: Протестирајте пред ковид-болниците, можеби ќе ги убедите пациентите дека не се болни

Д-р Михајлова: Десетици колеги починаа како последица на коронавирусот, ова ли е „фала“?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот