Космонаутко го вакцинираше и Шилегов: Само со масовна вакцинација можеме да ја победиме оваа болест

Скопскиот градоначалник вечерва ја доби првата доза од вакцината против вирусот ковид-19. И тој, како и министерката за одбрана Радмила Шекеринска беше вакциниран од медицинскиот техничар Денис Јанкуловски – Космонаутко.

Вели, само со масовна вакцинација можеме заеднички да ја победима оваа болест.

Ве повикувам да го искористите своето право на вакцинација ! Заедно да победиме !!! Особено задоволство ми беше што вакцинацијата (а и брисевите кога бев болен) ја добив лично од Денис Јанкуловски – Космонаутко. Не заигравме, ама срдечно се поздравивме, напиша Шилегов на Фејсбук.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот