Космонаути на НАСА излегоа во вселената (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

Космонаути на Националната аеронаутичка и вселенска агенција (НАСА), во моментов извршуваат работни задачи во отворен Космос на Меѓународната вселенска станица.

Кристина Кук и Ендрју Морган изведуваат замена на батериите на соларните антени на станицата. НАСА го најави нивното излегување „во вакуумот на вселената”.

– Дуото ќе работи надвор во вакуумот на вселената околу шест часа и 30 минути – изјавија од агенцијата.

Планот на НАСА предвидува излези во отворен космос на пет дати во октомври и уште пет излеза се планирани за ноември.

Тоа се работни задолженија за ремонт и модернизација на алфа-магнетниот спектометар кој се наоѓа на надворешната површина на МВС.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот