КОШМАРОТ НЕ ЗАВРШУВА: Албанија се тресе цело време, луѓето на улица (ФОТО+ВИДЕО) – Слободен печат
ВестиВи ПрепорачувамеРегион

КОШМАРОТ НЕ ЗАВРШУВА: Албанија се тресе цело време, луѓето на улица (ФОТО+ВИДЕО)

Вкупно 297 земјотреси се регистрирани од вечера, тлото продолжува да се тресе.

После вчерашниот земјотрес кој беше со магнитуда од 5,8 степени според Рихтер и интензитет од 7,5 степени, албанското тло никако да се смирува. Земјотресите продолжија и во денешните утрински часови, а последниот е регистриран во 9 часот. Вкупно 297 земјотреси се регистрирани од вечера, 87 само после полноќ.

Фејсбук

Албанскиот сеизмолог Рапо Ормени за Балканвеб тврди дека главниот потрес поминал, но помали земјотреси ќе има со денови и недели.

Луѓето од најпогодените региони Тирана и Драч ја поминаа на отворено ноќта, спиеја низ улиците, но имаше и од такви кои беа сместени во 6 центрите поставени од албанските власти.
Според здравстевните власти, повредени се вкупно 107 лица, од кои 10 се наоѓаат во одделот за траума со посериозни повреди. Досега се известува за 187 оштетени објекти .

Балканвеб

Албанскиот премиер Еди Рама рано изутринава преку Фејсбук ја ја отслика состојбата по земјотресите, велејќи дека се рабои непрекинато за да се отстранат последиците од земјотресот.

Тој синоќа свика и владина седница во живо, но владината зграда се тресеше од земјотреси и во моментите кога се собраа министрите, а камерите ги фатија овие моменти.

Од друга страна денеска грчката влада на социјалните мрежи, изрази солидарност со албанскиот народ и владата.

”Ние изразуваме наша солидарност со албанската влада и со луѓето кои ги погоди земјотресот”, се вели во постирање на Твитер, пренесуваат албанските медиуми.

Подолу можете да погледнете дел од видеата кои беа снимени за време или по земјотресите во Албанија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close