КОШМАР: Вработени во фабрика во Кина под казна се ставаат во ќош

Фоксон сити се наоѓа на 20 километри од Шенџен во југоисточна Кина. Тоа е комплексот во кој живеат 350.000 луѓе врботени во фабриката “Фокскон”, која прави ајфони. Целата провинција е подредена на тоа да се најде работна сила. Некои државни компании често на компанијата и отстапуваат работниците на кратки периоди. Со полн капацитет, секојдневно се склупуваат околу 5.000.000 уреди.

Целиот процес на склопување трае 400 чекори и повеќе од 300 луѓе се одговорни за контрола на сообраќајот во фабриката.

Повеќето вработени заработуваат помалку од 17 долари на ден. Повеќето од зградите во овој мини град имаат околу 10 до 12 спрата. Тие се дом на повеќе од една четвртина од работниците кои живеат во простории со осум кревети.

Многу медиуми пишуваат за лошите состојби што преовладуваат во фабриката. Поради самоубиство со скокање од зграда, поставени се камери за надзор.

Кинески новинар кој тајно се вработил во фабриката вели дека работните услови се кошмар.

Се работи по 12 часа, 6 дена во неделата, а паузата трае 20 минути. Се казнува прекршувањето на секое правило, а вработните под казна се ставаат во ќош, како што порано се правело во училиште.

На „Епл“ му беа потребни 9 месеци да се најде доволен број на инженери во САД, а на Кинезите им се потребни само две недели.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот