Кошаркарско – тениски брак

Церемонијата се одржа во Италија и присуствуваа доста познати личности од спортот. Една од најдобрите пријателки на Вознијацки, Серена Вилијамс беше една од девериците, додека Анџелик Кербер се најде помеѓу 100-те најблиски пријатели и членови на семејството.

Вознијацки на свадбата носеше креација на најпознатиот дизајнер на венчаници, Оскар де ла Рента. За неговата популарност говори и податокот дека поранешниот претседател на САД, Џорџ Буш организира изложба „Оскар де ла Рента: пет децении на стил“.

View this post on Instagram

Best weekend of my life ❤️

A post shared by Caroline Wozniacki (@carowozniacki) on

Од страната на Ли, на свадбата беа присутни НБА кошаркарите По Гасол и Харисон Барнс како и поранешниот НФЛ играч, Џес Палмер.
Вознијацки и Дејвид Ли се запознаа пред три и пол години и тоа преку заеднички пријател. Ли кој крајот на 2017 година ја запроси Каролина но поради големи обврски дури сега ја направија свадбата.

Ли поради честите повреди одлучи да ја прекине кариерата во НБА лигата и во последните две години е најголема поддршка за Вознијацки на тениските турнири. Моментно 14. тенисерка на ВТА ранг листата се подготвува за настап на Вимблдон по разочарувачкиот пораз во првото коло на Ролан Гарос.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот