Кошаркарски судии свирчето го заменија за стетоскоп за време на пандемијата

Пандемијата на коронавирусот го промени животот на луѓето во целиот свет, ги стави во карантин за да се спречи ширењето на заразата.

Во овие тешки времиња, храброста е главната одлука на докторите кој без престан се борат за животите на пациентите. Меѓу нив се и Италијанците Силвија Марцијали и Гвидо Џованети кои кошаркарското судиско свирче го заменија за бел мантил и стетоскоп. Тие се ФИБА судии, но имаат завршено медицина.

Кога заполна заразата на коронавирусот, навистина сакав да помогнам. Не ми беше важно како, што и да треба ќе направам. Не ми беше важно дали треба да одам во северна Италија каде состојбата е катастрофална. Многумина од нас сакаат да одат таму, но не може да потпишам договор бидејќи сум во Рим – вели Марцијали.

Вториот италијански судија кој има завршено медицинско училиште, Гвидо Џованети се наоѓа на југот на Италија.

Моментно состојбата е многу тешка и таа се менува секој ден, станува се потешка и Владата бара дополнителна лекарска помош. Бев на одделот за кардиологија, но сега сум преместо на друг оддел за пациенти заболени од ковид-19. Главниот проблем за сите нас е што не знаеме кога се ова ќе заврши бидејќи во некои делови од Италија како Ломбардија и Милано, состојбата не се смирува – вели Џованети.

Доосега во Италија се регистрирани повеќе од 110.000 случаи на заразени од коронавирус, а починати се 13.155 лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот