Кошаркарската Евролига ги уништи Реал и Барселона, нивните долгови изнесуваат по 100 милиони евра

epa09068678 Madrid's Walter Tavares (L) in action against Barcelona's Brandon Davies (R) during the Euroleague basketball match between Real Madrid and FC Barcelona in Madrid, Spain, 11 March 2021. EPA-EFE/JuanJo Martin

Во моментите кога фудбалските моќници се обидуваат европската Суперлига да ја презентираат како затворено фудбалско натпреварување,оваа идеја често ја споредуваат со кошаркарската Евролига. Сепак, според примерот на Барселона и Реал Мадрид, се гледа дека тоа не значи и голема заработка, напротив…

Како што пренесува „Ас“ во својата анализа, кошаркарските гиганти имаат огромни загуби.
Само минатата сезона Барселона загубила 28 милиони евра , а оваа сума е нешто поголема од порано бидејќи поради празните сали, клубот остана без четири милиони евра од продажба на билетите.
Каталонскиот тим, сепак успеа да спаси три милиони евра по ревидирањето на договорите со кошаркарите и членовите на стручниот штаб.
Преку маркетингот и натпреварувањето, Барселона заработи осум милиони евра, од ТВ правата четири милиони евра, додека само за плати се издвоени 34 милиони евра.

Од друга страна, Реал Мадрид за плати издвои 31.8 милиони евра, додека оперативните трошоци и трансфери од клубот извлекоа 7.7 милиони евра, а останатите расходи изнесуваа уште 1.8 милиони евра. Реал заработи 5.7 милиони евра од претплатни билети, 5.3 милиони евра од спонзорска и маркетинг, 1.2 милиони од ТВ правата и 800.000 евра од останати работи. Загубите на Реал мадрид изнесуваат 30.4 милиони евра.
Според „Ас“ оваа бројка може да се намали бидејќи не е вкалкулирана продажбата на Факундо Кампацо за два милиони евра.
Според шпанскиот весник, и Барселона и Реал Мадрид уште од 2014 година работат со загуби, секоја година минусот на двете екипи е поголем од 20 милиони евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот