Кошаркарска бомба: Евролигата станува затворено натпреварување, се гаси Еврокупот

Каталонскиот весник „Мундо Депортиво“, објави сензационална вест.
Кошаркарската Евролига планира да го направи тоа што не и успеа на фудбалската Суперлига, каталонскиот весник „Мундо Депортиво“ пласираше бомбастични информации кои се поврзни со иднината на најсилното кошаркарско натпреварување.
Според весникот, Евролигата ги презема првите чекори за целосно да го затвори ова натпреварување од сезоната 2023/24, односно да биде затворено натпреварување во кое нема да испаѓање и влегување во истото. Во исто време планира да го угаси второто свое натпреварување, Еврокупот.
Идејата на Евролигата е сите екипи кои ќе ја започнат таа сезона (2023/24) да имаат место во ова натпреварување и да не постои можност за влез во истата преку Еврокупот. Доколку се реализира оваа идеја, Евролигата ќе стане приватно натпреварување по примерот на НБА лигата, а нов клуб би можел да влезе само со покана и да замени некој од постоечките учесници не ги исполнува финансиските услови.
„Овој проект претставува фронтална пресметка со ФИБА и со националните кошаркарски лиги“, пишува „Мундо Депортиво“.
Првиот човек на Евролигата, Жорди Бартомеу сепак беше принуден да се откаже со системот на натпреварување кое се обидуваше да го наметне, лигата да биде затворена, а новите учесници би доаѓале само од Еврокупот, а исто така би имало и испаѓање. Сепак, неговата идеја припадна бидејќи клубовите се побунија и се заканија дека ќе го сменат Бартомеу доколку не им дозволи на нив директно да учествуваат во управувањето на Евролигата, на што тој мораше да се согласи.
Еден од условите на клубовите беше да се угаси Еврокупот кој чини седум милиони евра, а заработува само три милиони. Сопствениците на евролигашките екипи сметаат дека тие пари ќе ги поделат меѓу себе за да ја подобрат финансиската ситуација во време на пандемијата на коронавирусот.