Кошаркарска „бомба“: 30 години подоцна, Жељко Обрадовиќ се врати во Партизан!

Еден од добрите примери е НБА ѕвездата, Словенецот Лука Дончиќ/Фото: EPA-EFE/GEORGIA PANAGOPOULOU

Легендарниот Жељко Обрадовиќ е нов тренер на Партизан, оваа информација ја потврди претседателот на клубот Остоја Мијаиловиќ на социјалните мрежи.

Српските медиуми известуваат дека договорот на Обрадовиќ со белградските „црно-бели“ ќе биде на три години.

Обрадовиќ после скоро 30 години се враќа во Партизан кој го водеше во периодот од 1991 до 1993 година. Во 1992 година успеа со клубот да ја освои титулата шампион на Европа.

Обрадовиќ претходно во текот на тренерската кариера ги водеше Хувентуд, Реал Мадрид, Бенетон, Панатинаикос и Фенербахче.

Деветпати ја освои европската титула, покрај таа со Партизан, има уште по една со Хувентуд (1994) и Реал Мадрид (1995), Панатинаикос (пет пати – 2000, 2002, 2007, 2009 и 2011 година), и уште една со Фенербахче (2017).

– 30 години подоцна, сè за љубов, сè за Партизан – напиша првиот човек на КК Партизан, Мијаиловиќ алудирајќи на црно-белата навивачка песна „Сè за љубов, сè за Партизан“ што Обрадовиќ ја пееше во повеќе наврати во јавноста.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот