Кошаркарот на Денвер е импресиониран од соиграчот: Јокиќ одморот го поминува во Србија, пие пиво, јава коњи и за две недели е во топ форма

Фото: EPA-EFE/ERIK S. LESSER

Кошаркарот на Денвер нагетс, Мајкл Портер јуниор од кого во новата сезона се очекува да биде еден од главните играчи во тимот, пред стартот на сезоната во НБА лигата зборуваше за својот соиграч, Никола Јокиќ кој минатата сезона го доби МВП признанието за најкорисен играч во лигата.

Портер јуниор во подкастот на Џеј Џеј Редик, се потсети како помина негова прва средба со Јокиќ кога тој и го потцени центарот на Денвер.

– Кога првиот пат се сретнав со него, тој беше дебел. Кога дојдов на првиот тренинг, малку ми ги враќаше топките и помислив дека е добар човек. Не знаев многу за Јокиќ бидејќи не го гледав Денвер. Беше добар, но не толку како денеска. Се сеќавам дека заврши тренингот и го гледав како игра. Ги работеше добро сите елементи, но не беше ништо подобар од Мејсон Пламли по што се запрашав: Како Џокер е дел од првата петорка пред Пламли? Се сеќавам дека соиграчите ми рекоа: Не, Не… кога сака може да постигне 40 поени. Не можев да поверувам, а тие ми рекоа: Почекај да започне сезоната – зборува Портер јуниор.

Крилото на Денвер вели дека не видел сличен кошаркар на Јокиќ.
– Малку е чуден, пред почеток на натпреварот тој игра игри на својот телефон. Мислам дека почна посериозно да го сфаќа здравјето. Тој на крајот од сезоната се враќа во Србија, пие пиво, јава коњи и потоа на две недели пред стартот на сезоната е во топ форма.

Крилото на Денвер исто така во подкастот зборуваше и за лидерските способности на Јокиќ.
– Тој повеќе сака да биде пример за момците отколку да биде гласен во соблекувалната. Далеку посериозно ја сфаќа својата улога, пред МВП признанието тој беше ѕвезда, а не ја сакаше таа улога. Сега пресече и мислам дека има став: Во ред, знам колку сум добар и ќе ги водам овие момци со себе. Го почитувам неговиот менталитет, тој има свој круг на пријатели, тука се и неговите браќа, но често разговараме. Тој оди ден по ден, не се грижи за добрите игри, не е арогантен, и не се гледа како суперѕвезда. Највпечатливо е тоа кога ќе постигне поен за победа со звукот на сирената, Јокиќ не чувствува притисок – зборува Мајкл Портер јуниор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот