Кошаркарот кој не клечеше при интонирање на химната доживеа тешка повреда (ВИДЕО)

принтскрин

Играчот на Орландо меџик, Џонатан Ајзак, две вечери по ред е во центарот на вниманието, од кои едната е лоша по него.

Откако ги возбуди страстите во Дизни Ворлд во првиот ден, на Ајзак во вториот му се случи голем пех, тој во обидот да постигне поени одеднаш се фати за левото колено и остана да лежи на паркетот.

 

Лекарските прегледи покажаа дека ги скинал лигаментите на коленото со што ја обвнови повредата од почетокот на сезоната. Тој од теренот е изнесен во инвалидска количка бидејќи не можеше да стапне на повредената нога и се очекува експресно да биде извршена операција која неколку месеци ќе го оддалечи од терените.

Кошаркарот на Орландо меџик се најде во центарот на вниманието на првиот натпревар на својот тим кога не клечеше при интонирањето на американската химна како што го сторија сите кошаркари.

Бура во Орландо, играч на меџик одби да клекне: Јас клечам само пред Бог (ВИДЕО)

Според зборовите на Ајзак, тој не верува дека клечењето и носењето маички со слоганот „Црните животи се важни“ ќе бидат од голема помош.
„Решението за сите проблеми, не само расизмот се зборите Исус Христос. Јас клечам само прег Бог“, порача Ајзак.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот