Кошаркарите со негативни тестови пред дуелите со Италија и Естонија!

Фото: kfsm.mk

Резултатите од ПЦР тестирањето се негативни, па нема промени во плановите на стручниот тим предводен од Александар Тодоров.

Доцна синоќа, веднаш по пристигнувањето во хотелот „Хилтон Талин Парк“, македонската сениорска репрезентација беше тестирана од страна на одговорните лица на ФИБА. А откако пред 15.минути, водството на нашиот тим ги доби резултатите, сите во експедицијата може да бидат мирни, информираат од кошаркарската федерација.

Резултатите од ПЦР тестирањето се негативни, па нема промени во плановите на стручниот тим предводен од селекторот Александар Тодоров. Според планираните активности за 24 ноември, играчите добија продолжен одмор.

Од 28-30 ноември годинава ќе се играат новите натпревари од „Б“ квалификациската група за пласман на Европското првенство во 2022 година.

Инаку, за време на престојот во естонската престолнина, Македонија ќе одработи најмалку осум тренинзи. Планирани се уште два, но тие се водат како незадолжителни.

На 28 ноември (сабота) Македонија ќе тренира од 10.00 часот (од 15.30 часот ќе се игра мечот со селекцијата на Италија), додека пак на 30 ноември (понеделник), нашите кошаркари ќе тренираат од 12.00 часот. Од 20.30 часот, ќе играме против репрезентацијата на Естонија, кога и се затвора овој ноемвриски „прозорец“ на ФИБА.

Ковид-19 мерки и во Талин: Естонија-Македонија пред само 250 домашни навивачи!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот