Кошаркарите напредуваа на ФИБА ранг листата

Фото: КФСМ

Македонија е едно место погоре во ФИБА ранкингот кога станува збор за рангирањето на машките национални селекции во европската зона на Светската кошаркарска федерација.

Машката сениорска репрезентација на Македонија е на 57. место на светската рејтинг-листа, објавија од ФИБА, по завршувањето на квалификациите, оние од ноемврискиот ФИБА „прозорец“.

По ова најново рангирање на Светската кошаркарска федерација, имаме вкупно 192.4 бодови, доволни за нашата најдобра селекција да ја има и 29. позиција во рангирањето кога станува збор за европската зона на ФИБА.

Од нашите противници во групата, оној наредниот, во февруарскиот ФИБА „прозорец“, репрезентацијата на Литванија, остана на шестата позиција во европски рамки, и има вкупно 701.3 бода.

Полска забележа пад од едно место, и сега е на 17.позиција во светот, односно на 11. во Европа со 593.6 бодови,  додека пак Естонија е една позиција погоре, односно 43. позиција во светскиот, и 21. во европскиот рејтинг, со 282.1 бода.

Инаку, лидер во светскиот поредок останува САД кој има 839 бодови, на втората позиција остана Србија која собра 759.6 поени, пред Германија која има 755.3 бода.

Во светскиот ТОП 5 се уште и репрезентациите на Франција и Канада.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот