Кошаркарите на ТФТ имаа фуриозна прва четвртина против Чаир 2030

фото: kfsm.mk

Убедлив старт имаше ТФТ на дуелот во „Кале“ во 13 коло од Првата македонска кошаркарска лига против Чаир 2030 против кој славеше со 87:75 (33:8, 22:31, 14:23, 18:13).

ТФТ во првите 10 минути од натпревари имаше дури 25 коша разлика, односно 33:8. Гостите од Чаир анулираа добар дел од негативата во првото полувреме по кое домаќините имаа позитива од 55:39.

Чаир 2030 беше подобра екипа и во првиот дел од третиот период, кога намали намали и на 62:54. Почнаа да погодуваат за три поени и Тачи и Чучковиќ, кои и му дадоа поентерска поддршка на Френклин, преку потребна за чаирчани во обидот комплетно да се вратат во игра.

Последната четвртина, барем првиот дел, беше и најнеефикасната. Во пет минути, двете екипи дадоа по пет поени (74:67), по што следуваше расплетот. Го имаа момците во црна комбинација на дресови. Во вистинско време продолжија да даваат тројки, со кои го скршија отпорот на борбените чаирчани, кои едноставно не успеаја да се одбранат од оние 18 прецизни удари од зад линијата од 6.75 метри.

Батрик заврши како најефикасен со 25 поени, шутерски расположен беше Бишоп, а одлично второ полувреме имаше Ташовски кое го заокружи со 15 поени. Френклин заврши со 30 поени за Чаир 2030, Чучковиќ и Рушити дадоа по 12, а Тачи еден поен помалку.

Прва лига, 13 коло

ТФТ – Чаир 2030 87:75

1 февруари
17.00 часот Работнички – Пелистер

Куманово 2009 – Еуро Никел 2005 63:72
Струмица 2022 – Кожув 53:104
Навико Академија ФМП – Феникс 2010 76:96
Гостивар – МЗТ Скопје Аеродром 88:69

Табела: МЗТ Скопје Аеродром 24 бодови, Гостивар 22, Пелистер 21 (-1), ТФТ 21, Феникс 2010 21, Еуро Никел 2005 21, Работнички 19 (-1), Кожув 18, Куманово 2009 16, Чаир 2030 16, Навико Академија ФМП 16, Струмица 2022 15.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот