Кошаркарите на Шпанија го завршија учеството на Олимписките игри
Кошаркарската репрезентација на Канада денеска ја совлада селекцијата на Шпанија со резултат 88:85 во натпреварот од третото коло од групата А на Олимписките игри.
Веднаш беше јасно дека Шпанците или ќе бидат први или последни во својата група, во зависност од дуелот со Канада, а северноамериканската селекција успеа да оствари вреден триумф во драматичен финиш.
Најефикасен во канадската репрезентација беше Шаи Гилџус-Александер со 20 поени, додека Ендрју Нембхард постигна 18 поени.
Во селекцијата на Шпанија се истакна Дарио Бризуела со 17 поени.
Канада е прва во групата А, Австралија заврши на второто место, додека Грција ќе напредува од третото место доколку Србија го победи Јужен Судан со најмалку три поени разлика.