Кошаркарите на Пелистер остануваат перфектни, го решија и МЗТ Скопје 

фото: КК Пелистер

Кошаркарите на Пелистер останаа единствена непоразена екипа во Првата лига откако во дерби пресметката го совладаа МЗТ Скопје со 88:85 во рамките на 11. коло.
Битолчани имаат перфектен скор од осум победи во осум меча, додека металците имаат пет победи и три порази за шеста позиција на табелата.

Натпреварот помина во голема борба под кошевите во кои и двата тима си имаа свои периоди. Сепак, клучен беше моментот кога Пелистер на крајот од втората четвртина и стартот од третата направи серија од 18:4 со која дојде во водство од 51:44. Од тој момент, Пелистерци ја контролираа ситуацијата на паркетот и на пет минути до крајот имаа и двоцифрена предност (85:72). Во тие моменти како да се разбудија металците и направија серија од 13:0 со која дојдоа до израмнување на 85:85 на една минута до крајот. Џордан Калахан донесе водство за Пелистер, а победата ја завери Никола Малешевиќ со слободното фрлање во последните секунди. Игор Кесар со 27 поени и Малешевиќ со 22 поени и 11 скока беа најдобри во победничкиот тим додека Феми Олуџоби со 38 поени најпрецизен кај МЗТ.

Пораз доживеа и екипата на Работнички која загуби од Академија ФМП со 75:69. Одлучувачки момент на натпреварот беше серијата од 11:0 на Академија ФМП со која дојде до предност од 50:39 и до крајот не ја испушти.
Стефан Крстајиќ со 30 поени и 14 скока беше најрасположен за игра кај Академија ФМП, додека во тимот на Работнички се истакна Стефан Балмазовиќ со 16 поени.

Фото: КК Пелистер

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот