Кошаркарите на МЗТ Скопје до убедлива победа над Куманово, Кожув го изненади ТФТ

фото: kfsm.mk

МЗТ Скопје Аеродром ја оправда фаворитската улога на гостувањето кај Куманово (88:68) во меч од 17 коло од Првата македонска кошаркарска лига, по кој актуелниот шампион останува на врвот со учинок од 15-2 и најмалку една победа повеќе во однос на најголемиот ривал Пелистер.

Играчите на Драган Николиќ одиграа рутински, најголемата предност ја обезбедија во второто полувреме кое го добија со 48:27.

Кеандре Кук со 17 поени беше најефикасен кај МЗТ, а на спротивната страна се истакна Марјановиќ со 21 кош. Куманово е на деветтата позиција со скор 4-13.

Се одигра уште еден меч, Кожув на домашен терен со 82:72 триумфираше над ТФТ Скопје. За Кожув доминираше Гордон со 32 поени, а за ТФТ блескаше МекБрејер со 15 поени.

ТФТ е на третото место (11-6), додека Кожув после осмата победа сезонава е на осмото место.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот