Кошаркарите на МЗТ по вторпат го совладаа бугарскиот Рилски

Трета победа по ред во петтиот подготвителен натпревар за актуелниот македонски кошаркарски шампион пред стартот на новата сезона.
Со (по)мал фонд кошаркари поради ситни повреди МЗТ Скопје Аеродром повторно бевме подобри од силниот противник од Бугарија, Рилски Спортист со резултат 75:69 (24-18, 24-11, 15-26, 12-14).
За „металците“ најефикасни со по 18 поени беа Крстевски и Бакович, а В. Стојановски реализираше 11.
Претходно во првиот контролен меч играчите на Васко Атанасов го совладаа истиот противник со 82:65.
Како што најавија од клубот, сега сите патишта водат во СРЦ „Кале“ – Скопје, каде што в сабота (23 септември) ќе ги одмери силите со Феникс 2010 од 19.30 часот во обидот да го одбрани трофејот во Суперкупот.