Кошаркарите на МЗТ ја оправдаа фаворитската улога против Вардар

Фото: МЗТ Скопје

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром ја забележаа петтата прволигашка победа во Првата македонска „Мтел“ лига.

Рутинска победа за актуелниот македонски шампион во седмиот прволигашки дуел сезонава денеска на гости остварена над Вардар со конечен резултат 110:79.

Најефикасен во победата на МЗТ беше Андреј Андоновски со 19 поени (9/10 шут за поле) и Дамјан Стојановски со 16 поени.

Во домашниот тим, освен двоецот Марјановиќ-Бајрам (заедно искомбинираа 38 поени), уште 11 дојдоа од Наков.

Следува 15-дневна пауза поради настапот на најдобрата репрезентација на Македонија во квалификациите за пласман на Европското првенство 2025.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот