Кошаркарите на Баерн останаа без тренер по шокантната елиминација

Фото: EPA-EFE/TOLGA BOZOGLU

Кoшаркарите на Баерн Минхен останаа без тренер откако не успеаа да го освојат германското првенство и беа поразени со 3:0 во серијата против Улм.

Елиминацијата на Баерн дојде сосема неочекувано бидејќи гигантот од Минхен важеше за прв фаворит за титулата. Токму поради тоа веднаш по неуспехот клубот се раздели со Андреа Тринкиери.

Заминувањето го потврди и самиот Тринкиери по натпреварот.

„За мене ова беше последен натпревар на клупата на Баерн. Го преземав клубот во времето на пандемијата, а играчите и моите соработнци од стручниот штаб поминаа низ многу препреки. Оваа група на луѓе заслужи повеќе, но ни недостасуваше среќа во клучните моменти. Имавме две титули во Германија и два плеј-офа во Евролигата. Секогаш можете да бидете подобри, ние направивме се што можевме“, изјави Тринкиери

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот