Кошаркарите ја „прегазија“ Естонија за полуфинале на ЕП

fiba.basketball

Јуниорите блескаат на континенталниот собир и докажаа уште еднаш се нашата кошаркарска иднина.

Денеска македонската репрезентација до 18 години во четвртфиналето убедливо со конечен резултат 92:57 (30:6, 28:26, 19:8, 15:17).

После победите над Ирска, Украина, Грузија, Словачка и Данска, ова беше вкупно шести триумф за јуниорите по ред на ЕП Дивизија „Б“. Доколку слават и во полуфиналната пресметка, ќе обезбедат настап во Дивизијата „А“.

Уште во првите 10 минути нашите млади кошаркари одиграа одлично и во нападот и одбраната, скоро перфектна реализација, а ривалот едноставно беше немоќен пред „машината“ на селекторот Тони Симиќ.

Прв стрелец беше Јакимовски со 17 поени (10 скокови), следен од Андоноски со 16 поени (четири скокови).

Противник во полуфиналето в сабота (3 август, 19.45 часот) на „црвено-жолтите“ ќе им биде Израел кој на сличен начин ја елиминираше Шведска со 95:47.

Позната е и втората полуфинална двојка, Полска истиот ден, но од 17.30 часот ќе ги одмери силите против селекцијата на Чешка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот