-6 C
Скопје

Кошаркар на Јута на прес конференција се појави со заштитен елек (ВИДЕО)

Ѕвездата на Јута џез, Донован Мичел, беше меѓу најзаслужните за победата на неговиот тим во приот натпревар по рестартот на сезоната во НБА лигата, но тој не се најде во центарот на вниманието поради играта туку по тоа што го направи на пресконференцијата.

Имено, Мичел на пресконференцијата пред медиумите донесе и заштитен елек на кои беа сошиени имињата на десетина жртви на полициската бруталност во САД, и тоа највеќе се афроамериканци.


Мичел со овој потег сакаше уште еднаш да упати порака да престане бруталноста на полицијата кон афроамериканците и сето тоа да помине неказнето.
– На нас Афромаериканците веќе ни е мака да се плашиме – порача Мичел.

Прочитајте и...  Карабатиќ бара промена на ракометни правила

Асот на Јута иста така имаше и порака за сојузниот обвинител на државата Кентаки, Даниел Камерон, кого го повикува да ги санкционира одговорните за убиството на медицинската сестра, Бриона Тејлор, која во март годинава беше застрелана од тројца полицајци за време на рација во нејзиниот стан.
„Голема тимска победа, добро е повторно да бидеме на теренот. Но уште подобро е доколку Камерон ги уапси убијците на Бриона Тејлор“, напиша Мичел на својот Твитер профил.

Кошаркар на Јута на прес конференција се појави со заштитен елек (ВИДЕО)

Поврзани вести

ВИДЕО: Погба со еврогол го враќа Манчестер јунајтед на врвот!

Слободен печат

ВИДЕО: Роналдо за историја, Елмас и Наполи без Суперкуп трофејот!

Слободен печат

Румениге: Би имало смисла Европското првенство да се игра во една земја!

Слободен печат

ВИДЕО: „Граѓаните“ во финишот го скршија отпорот на Астон Вила!

Слободен печат

Прва лига: ТФТ е пречката на која падна Пелистер!

Слободен печат

Египет славеше против Русите, Швајцарија го изненади Исланд!

Слободен печат

Остави Коментар