Кошарка во Токио: Словенија не се шегува, ја декласира Јапонија со 35 поени разлика

EPA-EFE/Toms Kalnins

Кошаркарите на Словенија ја остварија и втората победа во Токио, убедливо го победија домаќинот на Игрите со 116:81.

Словенија по две кола има две победи и во двата дуела постигна повеќе од 100 поени. По убедливиот триумф над Аргентина во првото коло, сега е совладана Јапонија со 35 поени разлика.

Играта во нападот на словенечките кошаркари функционира беспрекорно, по 118 поени на Аргентина, тие на Јапонија и дадоа 116 поени, а очекувано сè се врти околу Лука Дончиќ. Тие  во текот на целиот натпревар имаа контрола над резултатот, во втората четвртина дојдоа до двоцифрена преднос и до крајот на средбата само ја зголемуваа разликата за конечни 116:81.

Кошаркарот на Далас одигра само 25 минути и за тоа време постигна 25 поени и имаше по седум скокови и асистенции.
Еден поен помалку постигна Зоран Драгиќ, додека Влатко Чанчар постигна 16 поени. Во редовите на Јапонија која по две кола има два порази, најефикасен беше Руи Хачимура кој настапува за Вашингтон визардс со 34 поени.

Видео на денот