Корупцијата е закана за функционирањето на системот, вели Ковачевски

Димитар Ковачевски, премиер/Фото: Скриншот

Премиерот Димитар Ковачевски порача дека сите чинители подеднакво во рамките на своите ингеренции треба да дадат свој придонес во борбата против корупцијата бидејќи таа е закана за функционирањето на системот, владеењето на правото, за буџетот, за економскиот развој, за животниот стандард на граѓаните.
Во објава на Фејсбук, Ковачевски повторно вели дека спречувањето и сузбивањето на корупција е високо на владината агенда.

„Единствениот пристап и посветеноста е клучна, Владата има политичка волја да обезбеди почитување на правото и одговорно справување со криминалот и корупцијата преку унапредување и почитување на воспоставените механизми како што се независен буџет, изработка на законски решенија усогласени со ЕУ и неселективна борба против корупцијата. Како земја која ги има отпочнато преговорите со ЕУ, сите ние мора да ги удвоиме напорите и да се посветиме на решавањето на проблемот со корупција, бидејќи никој не смее да биде над законот, а граѓаните заслужуваат да живеаат во демократско општество со европски вредности и функционирање“, напиша Ковачевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот