Кортни Кардашијан шири теории на заговор: Не носете маски, ќе добиете рак!

Instagram
Instagram

И старлетата Кортни Кардашијан (41) потпадна на теориите на заговор.

Таа се огласи на социјалните мрежи за да ја сподели теоријата на заговор во која ги предупредува луѓето да не ги покриваат лицата со заштитни маски затоа што ќе заболат од – рак.

Оние сини медицински маски што мора да се носат во продавниците и на аеродромите се изработени од ПФTE, канцероген изработен од синтетички флуорид. Според страницата Cancer.Org, тие го зголемуваат ризикот од рак на црниот дроб, тестисите, панкреасот, бубрезите и дојките + улцерозен колитис, болест на тироидната жлезда, прееклампсија и висок холестерол. Големото изложување може да предизвика симптоми слични на грип и крвавење во белите дробови, што доведува до гушење“, напиша неодамна Кортни на Инстаграм.

принтскрин

Кардашијан набрзо беше нападната од нејзините фанови за овие тврдења, кои ја истакнуваа  „глупавоста на нејзината објава“.

Нема докази за да се поткрепат тврдењата на Кортни, која ја сподели оваа, всушност, многу опасна дезинформација со своите 102 милиони следбеници на Инстаграм.

Со своето предупредување, таа дури објави и слика на стандардна сина медицинска маска за еднократна употреба.

Американските лекари дополнително предупредија дека нејзините тврдења се апсолутно неточни.

Имајќи предвид дека минатата недела беше напишано дека нејзината помлада сестра Клои Кардашијан (36) е позитивна на коронавирус, нејзините тврдења се особено бизарни и несоодветни во моментот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот