Кортни Кардашијан го напушти реалното шоу по 13 години: Потребна ми е приватност

Instagram
Instagram

Кортни Кардашијан (41), по тринаесет години одлучи да го напушти семејното реално шоу „Во чекор со Кардашијан“. Благодарение на ова шоу таа со нејзините сестри Ким (39) и Клои (36) станаа познати низ целиот свет.

Кардашијан истакна дека ги ограничила своите настапи, затоа што сака приватност, а тоа не е можно поради нејзината секојдневна присутност во медиумите.

Instagram

„Снимав емисии постојано изминативе години. Се чувствував неисполнето, опкружувањето во реалното шоу стана токсично за мене и одзеде голем дел од мојот живот“, рече Кортни за Вог Арабија.

„Ја ценам приватноста и тешко ми е да најдам рамнотежа помеѓу приватните моменти и појавувањето во реалното шоу. Луѓето мислат дека не сакам да работам, што не е точно. Ја следам мојата среќа и ја вложувам мојата енергија во тоа што ме прави среќна“ – додаде таа.

Кортни (лево) и Ким (десно) Кардашијан
Foto: IMDB, Кортни (лево) и Ким (десно) Кардашијан

За потсетување, Кортни по физичката пресметка со нејзината сестра Ким, која се емитуваше во една епизода од „Во чекор со Кардашијан“, одлучи постепено да се повлече од реалното шоу.

IMDB
Instagram

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот