5 C
Скопје

Кортни Кардашијан e во врска со тапанарот на „Blink-182“?

Деновиве странските медиуми почнаа повторно да шпекулираат дека Кортни Кардашијан наводно е во љубовна врска со тапанарот на „Blink-182“, Тревис Баркер.

41-годишната Кардашијан со години била пријателка со познатиот музичар, но во последниот период нивното пријателство прераснало во љубовна врска, изјавил извор за „Пипл“.

Instagram
Instagram

За време на викендот, и двајцата на социјалната мрежа „Инстаграм“ објавија фотографии од викендичката на Крис Џенер во Палм Спрингс, оттаму дополнително ги разгореа гласините.

Instagram
Instagram

Заедно се во Палм Спрингс. Тие се во врска веќе еден или два месеци“, изјавил изворот за „Пипл“, тврдејќи дека тие се познавале многу одамна и долго време биле пријатели.

Кортни има три деца со поранешниот партнер Скот Дисик, Мејсон (11), Пенелопи (8) и Реин (6). Двојката беше заедно скоро една деценија пред официјално да се разделат во 2015 година.

Прочитајте и...  Ненадејно почина актерот Џамил Френч
Instagram
Instagram

Баркер пак, беше во брак двапати и има две деца, Лендон (17) и Алабама (15) со неговата втора сопруга, актерката Шана Моаклер со која беше во брак од 2004 до 2008 година. Тој исто така е очув на Атиана (21) која Моаклер ја добила со боксерот Оскар Де ла Хојa.

Медиумите во 2015 година, Баркер го поврзуваа со Рита Ора, додека Кортни се забавуваше со моделот Јунес Бенџим во 2017 и 2018 година.

Instagram
Instagram

Ова не е прв пат да се пишува за нивната романса, но во март 2019 година, Баркер негираше дека е во врска со Кортни.

Корти е моја драга пријателка. Тоа е тоа“, изјави тој во тоа време.

Прочитајте и...  ФОТО | Најубавите микроапартмани: За среќа, доволни се 30 квадратни метри
Instagram
Instagram

Мислам, ја сакам до смрт. Го сакам нејзиното семејство. Но, да, ние сме само пријатели“, истакна тој.

Instagram

Сега, откако повторно се мета на медиумите Тревис и Кортни се прилично тивки, не ги поврдуваат или негираат гласините.

Поврзани вести

ФОТО: Емили Ратајковски позира гола во 36-та недела во бременоста

Слободен печат

ФОТО: Џастин Тимберлејк и посвети на сопругата Џесика Бил ретка јавна порака за нејзиниот посебен ден

Слободен печат

ФОТО | Фризер ја посрамоти Ким Кардашијан, но таа му возврати: „Те мразам. Ме исцрпи“

Слободен печат

ФОТО: Таа е сон на милиони мажи, а на жените може да им биде пример кога станува збор за облекувањето

Слободен печат

Зошто секогаш треба да ја загреете рерната пред употреба?

Слободен печат

Судот одлучи: Бившиот на Софија Вергара не смее да ги користи нивните замрзнати ембриони

Слободен печат

Остави Коментар