Кортни Кардашијан доби ужасни критики за фотографијата од својот син! (ФОТО)

Популарната Кортни, најстарата сестра од Кардашијан, е горда мајка на 3 деца – момчињата Мејсон и Рејн и девојчето Пенелопе.

Таа понекогаш со своите следбеници на Инстаграм споделува симпатични и топли моменти кои ги дели со своите дечиња, па така и вчера откри како нејзиниот син Рејн си игра во кујната. Ријалити-ѕвездата објави неколку фотографии на кои малиот Рејн стои на столица пред шпоретот и меша во тавата, додека семејното куче Кабс се обидува да му се придружи.

„Добро утро од готвачите Рејн и Кабс“, напиша гордата Кортни.

View this post on Instagram

Good Morning from Chef Reign and Cubs.

A post shared by Kourtney Kardashian (@kourtneykardash) on

Меѓутоа, изгледот на нејзиниот син не им се допаѓа на следбениците, а особено неговата фризура.

Во рок од неколку минути, голем број од следбениците на Кардашијан објасниле во коментарите дека Кортни треба да го однесе својот син на шишање.

„Скрати ја косата на ова сирото дете“, „Дали е Рејн момче или девојче?“, „Косата му е предолга, во ред е да биде малку подолга, но ова е веќе смешно“, „Ќе се запали несакајќи косата на Рејн“, „Мислев дека ова е Пенелопе“, се само некои од непријатните коментари кои Кортни ги доби на објавата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот