„Корпа“ од градот на забавата и коцката: Градоначалникот на Л.А. одби да работи во администрацијата на Бајден

Фото: EPA-EFE/DAVID SWANSON

Градоначалникот на Лос Анџелес, Ерик Гарсети изјави дека ја одбил понудата да работи во администрацијата на новоизбраниот претседател на САД, Џо Бајден, одлука што ја образложи со пандемијата на ковид-19.

Гарсети, кој се споменува како можен кандидат за министер за транспорт во администрацијата на Бајден, рече дека со зголемувањето на случаите на ковид-19 во вториот по големина град во САД, тој смета дека треба да остане градоначалник.

Гарсети е во карантин, откако неговата ќерка имаше позитивен тест на ковид-19 и истакна дека најголемиот број на инфекции и смртни случаи од вирусот во средата се забележани во вториот по големина американски град.

– Очекуваме да имаме повеќе починати лица, отколку што имаме простор за нив, рече градоначалникот на Л.А., додавајќи дека тоа го плаши.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот