Коронавирусот во САД посмртоносен од шест војни заедно

Бројот на потврдени случаи на коронавирус во САД достигна 370.000, што е еднаков на бројот на заболени во останатите три најзаразени земји во светoт.

Бројот на смртни случаи премина 10.000, што е според официјалните податоци на владата, повеќе настрадани отколку во директните борби на шест од вкупно 13 војни водени во историјата на САД.

Тела од пациенти оставени надвор откако починале во болницата Маунт Синаи, која се соочува со недостиг на основна медицинска опрема и респиратори: Мртовечниците се преполни, па се случува труповите да бидат оставени надвор по неколку часа / Менхентн, Њујорк, САД, 30 март 2020 / ФОТО: EPA-EFE/JUSTIN LANE

„Коронавирусот е пофатален по жителите од битките во шест војни заедно – во Американската револуција за независност (1775-1783), Војната во 1812 година, Мексиканската војна (1846-1848), војната со Семиноли индијанците (1817-1896), Шпанско-американската војна (1898-1902) и Пустинска бура (1990-1991).

САД денеска има 10.943 жртви од коронавирусот, кој првпат во Вашингтон се појави на 21 јануари, со првиот заболен кој пристигнал од Вухан.

Можеби тие бројки се доволна причина, зошто денеска и покрај малото светло на крајот на тунелот видено претходните два дена, стигна предупредување од Белата куќа:

„Сега не е време да одите во продавници и во аптеки, туку да правите се што можете за да ги заштитите фамилиите и пријателите“.

Периодот кој претстои го споредиле со Перл Харбор и терористичкиот напад во Њујорк, кој нема да биде централизиран туку ќе се одвива низ целата земја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот