Коронавирусот влезе во Серија А, четворица играчи заразени, Јувентус во карантин

фото: ЕПА

Фудбалерите на Јувентус од вчера ги прекинаа тренинзите откако беше обелоденето дека уште тројца фудбалери се заболени од коронавирусот.

Станува збор за тројца фудбалери на Пјанезе, екипа од третата лига која неодамна играше против У23 тимот на Јувентус.

„Газета дело спорт“ тврди дека со коронавирусот се заразени тројца фудбалери на Пјанезе како и тренерот на екипата, а Јувентус сите свои играчи од тимот до 23 години ги испрати во домашен карантин каде ќе останат се до 8. март.

– Активностите на екипата на Јувентус до 23 години привремено се запрени како дел од превентивните мерки со кои би се спречило ширење на коронавирусот, но засега можеме да потврдиме дека ниту еден од играчите на Јувентус не беше позитивен на тестирањата – стои во соопштението на „старата дама“.

Во Италија до денеска се заболени дури 1.049 лица со коронавирус, а се починати 29 лица. Викендов поради стравот од ширење на епидемија на опасниот вирус се одложени пет натпревари, помеѓу кои и најголемиот натпревар во Серија А, популарното „Дерби Италија“ помеѓу Јувентус и Интер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот