Коронавирусот удри по најбогатите: Најголемите бизнисмени за само еден ден загубија 120 милијарди евра

Фото: ЕПА

Тоа е најголема загуба за најмоќните жители на планетава, според листата на најбогати на Блумберг уште од октомври 2016 година, кога првпат е спроведено такво истражување.

Петстотини најбогати луѓе на светот загубија за еден ден вкупно 139 милијарди долари (повеќе од 120 милијарди евра), а берзите се „блокираа” по стравувањето дека ширењето на коронавирусот ќе ја загрози глобалната економија, пишува Блумберг.

Тоа е најголема загуба за најмоќните жители на планетава, според листата на најбогати на Блумберг уште од октомври 2016 година, кога првпат е спроведено такво истражување.

Бернар Арно, третиот најбогат човек на светот и генерален директор на производителот на луксузна стока LMVH, загубил 4,8 милијарди долари, а истата сума ја загубил и директорот на Амазон, Џеф Безос. Сопственикот на Зара, Амансио Ортега остана без четири милијарди, а основачот на Фејсбук, Марк Цукерберг без 3,48 милијарди долари.

Кина, која е епицентар на коронавирусот, сочинува 40 отсто од светскиот пазар на луксузна стока.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот