Коронавирусот удри и по кралското семејство – Се одложува долгонајавуваната кралска венчавка?

Венчавката на британската принцеза Беатрис би можела да биде одложена поради коронавирусот, пишуваат британските медиуми.

Венчавката на Беатрис од Јорк, ќерката на принцот Ендру и Сара Фергусон е закажана за 29-ти мај оваа година, а поради фактот дека речиси сите гости на нејзината венчавка треба да допатуваат од Италија, кралското семејство ја разгледува можноста венчавката да биде одложена.

Принцезата Беатрис се венча со бизнисменот Едо Мапели Мози, чии родители и повеќето роднини живеат во северна Италија, па се уште не е познато каква ќе биде поврзаноста на летовите помеѓу Италија и Велика Британија.

 

Instagram

Како што пишува „Daily Mirror“, кралското семејство ќе одложи и уште некои прослави оваа пролет, како што е роденденот на принцот Филип и неколку кралски забави на отворено.

Кралицата и принцот Филип се наближуваат до 100-та година, и, како што тврдат изворите, воопшто не им е сеедно за настанатата ситуација поради коронавирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот