Коронавирусот удри и по екипите, банкротира освојувач на ФА купот

EPA-EFE/ANDY RAIN

Само четири недели откако добија нова управа, Виган прогласи банкрот.

Пандемијата на коронавирусот го донесе првиот случај на банкрот на клуб во Англија. Виган Атлетик само четири недели откако доби нови сопственици, конзорциум од Хонг Конг, денеска објави банкрот.

Во соопштението на англискиот клуб е наведено дека финансиската криза предизвикана од коронавирусот негативно влијаеше на работата на Виган и поради тоа беше неопходно да се именува стечаен управник. За нови менаџери на екипата се именувани Пол Стенли, Дин Вотсон и поранешниот претседател на Лидс, Џералд Краснер.

Англиската фудбалска лига (ЕФЛ) соопшти дека Виган ќе биде казнет со одземање на 12 бодови, што претставува автоматска суспензија за ваков случај.
Официјалната одлука ЕФЛ ќе ја донесе на крајот од сезоната кога ќе реши дали на Виган ќе му одземе бодови од оваа сезона или во наредната ќе почне со -12 бода на своето салдо, пренесува „Гардијан“.

Тимот моменто се наоѓа на 14. место во Чемпионшип и има осум бодови повеќе од екипите кои се наоѓаат во опасната зона.

Екипата на Виган најголемиот успех го постигна во 2013 година кога триумфира во ФА купот откако во финалето го совлада Манчестер сити, но во истата сезона испаднаа од Премиер лигата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот