Коронавирусот стигна и во Африка

Светската здравствена организација (СЗО) е информирана за случајот, а пациентот, кој нема никакви симптоми, префрлен е во болница и во карантин, наведува министерството за здравство на Египет.

Египетското Министерство за здравство објави дека е регистриран првиот случај на заразен со новиот коронавирус на африканскиот континент.

Заразеното лице не е од Египет, неведе во соопштението портпаролот на министерството Калеф Мегахед, и притоа го прецизираше полот и националноста на заболениот човек.

Светската здравствена организација (СЗО) е информирана за случајот, а пациентот, кој нема никакви симптоми, префрлен е во болница и во карантин, наведува министерството.

– Министерството презема превентивни мерки и го надгледува развојот на случајот – наведе Мегахед.

Ова е првиот случај на заболен од корона во земјите на африканскиот континент, кој има цврсти трговски врски со Кина.

Египет на почетокот на февруари до крајот ги прекина летовите на националната авиокомпанија кон Кина.

Околу 300 Египќани овој месец се евакуирани од Вухан, жариштето на епидемијата, и сместени се во 14-дневен карантин.

Бројот на починати од коронавирусот во Кина во петокот се приближи на 1.400. Досега само во Јапонија и на Филипините имаа по еден срмтен случај на својата територија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот