Коронавирусот се шири во словенечките домови за стари лица, свикан кризен состанок

Дел од починатите лица од Ковид-19 во земјата се токму стари лица сместени по домовите.

Министерството за здравство на Словенија свика итен кризен состанок поради состојбата во домовите за стари лица, каде што вкупно 137 пензионери се заразени со коронавирусот.

Како што јави дописникот на МИА од Љубљана, дел од починатите лица од Ковид-19 во земјата се токму стари лица сместени по домовите.

Дополнително и 30 здравствени работници кои се грижеле старците се заразени, а вирусот досега е потврден во вкупно осум пензионерски домови.

Се очекува по итниот состанок кој се одржува во Љубљана, да бидат донесени дополнителни мерки за заштита на старите лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот