Коронавирусот се шири низ Латинска Америка: Прогласени вонредни состојби, границите се затворени и воведени се ригорозни контроли

Колумбиските граѓани кои изминатите 14 дена престојувале во Европа или Азија, ќе треба да се изолираат две недели. Во Колумбија, првиот случај со корона беше потврден на 6 март, а досега се потврдени 16 случаи.

Корона се шири низ Латинска Америка: Прогласени вонредни состојби, границите се затворени и воведени се ригорозни контроли

Колумбија ќе ги затвори границите со Венецуела во недела наутро поради пандемијата на коронавирусот, а од понеделник ќе забрани влез на патници од други земји од Латинска Америка, како и од Европа и Азија, објави синоќа колумбискиот претседател Иван Дјук.

Колумбиските граѓани кои изминатите 14 дена престојувале во Европа или Азија, ќе треба да се изолираат две недели. Во Колумбија, првиот случај со корона беше потврден на 6 март, а досега се потврдени 16 случаи.

Владата во понеделникот прогласи вонредна состојба, забрани јавни собири со повеќе од 500 луѓе, вклучувајќи фудбалски натпревари, и ги затвори своите пристаништа за крстарење, пренесува Ројтерс.

Иако границата со Венецуела ќе биде привремено затворена, граничните премини кон Еквадор ќе останат отворени. Венецуела ја осуди одлуката на колумбискиот претседател како „чин на сериозна неодговорност“.

Мексико размислува да воведе ригорозна контрола врз нејзините северни граници и да ја следи состојбата во САД, каде што се потврдени 1.800 лица, соопштија вчера државните власти, пренесува Ројтерс.

Во Мексико досега се потврдени 26 случаи на инфекција со коронарнавирус, без смртен исход. Заменик-министерот за здравство на Мексико, Уго Лопес Гатели, рече дека заканата од ширење на инфекцијата доаѓа од САД.

Медицинските власти на Хондурас го потврдија третиот случај на вирусот, изјави вчера претседателот Хуан Орландо Ернандес, пренесе Ројтерс.

Претседателот на Чиле, Себастијан Пињера, исто така, вчера објави забрана за јавни собири со повеќе од 500 лица и задолжителен карантин за патниците од земјите со висок ризик како Кина, Италија и Шпанија. Во Чиле досега се потврдени 43 случаи.

Гватемала објави и забрани за влез во земјава за патници од САД, Канада, пројавени се вкупно 10 случаи во Боливија до вчера, се вели во соопштението на Министерството за здравство, пренесува Ројтерс.

Премиерот на Јамајка, Ендру Холнес, вчера ја прогласи оваа островска земја за загрозена област заради закана од вирусот. Холнес рече дека владата во Кингстон побарала од Куба да испрати 100 медицински сестри за помош.

Тој најави воведување строги контроли за патниците од Велика Британија, претворање на делови од островот во карантин и повик за пензионирани лекари и медицински сестри да помогнат во локалните медицински установи. Досега се потврдени осум случаи на инфекција со коронарнавирус во оваа островска земја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот