Коронавирусот се ширел во Милано 26 дена пред откривањето на првиот позитивен случај

Најмалку 160 лица биле во контакт со вирусот Ковид-19 во поширокото подрачје на Милан уште од 26 јануари, недели пред првиот откриен случај, а 1.200 низ Ломбардија, покажала анализа на работната група од тој италијански регион.

Ковид-19 циркулираше во Милано од крајот на јануари, односно 26 дена пред да е „откриен“ првиот позитивен случај на 21 февруари, пишува италијанскиот весник Коријере дела сера, повикувајќи се на анализи од работни групи од Ломбардија.

Регионалната анализа направена на основа на појава на симптоми покажала дека на крајот на јануари коронавирусот почнал да се шири во Милано, на почетокот помешан со симптоми на грип.

„Нулта денот“ се врти околу датумот 26 јануари и голема е веројатноста дека само тој ден во Милано имало веќе 46 случаи заразени со Ковид-19, а 543 во целата Ломбардија.

Весникот пишува дека Италија се разбудила на 21 февруари и тогаш разбрала дека епидемијата стигнала кога со тестирање почнало да се регистрираат позитивни случаи.

Ако се погледне порастот на бројот на заразени луѓе, кривата почнува да расте на 21 февруари и 28 април достигна 74.348 заразени во Ломбардија, а како со тестирањето биле откриени пациенти, така им биле поставени прашања за временскиот период за почетокот на појава на првите симптоми.

Во тоа време, потсетува италијанскиот весник, сите напори на борбата на Италија против вирусот биле насочени на аеродромите, посебно во Рим и Милано.

 

Италија е една од најтешко погодените земји од вирусот Ковид-19 со повеќе од 27.000 жртви, од кои речиси половина во Ломбардија, а таа земја е се поблиску до излегување од блокадата бидејќи е најавено дека од 4 мај жителите ќе имаат поголема слобода на движење во регионите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот