Коронавирусот се проширил и во затворите во Србија, позитивни 22 затвореници

Од вирусот во изминатите 24 часа починати се шест лица, двајца мажи и четири жени, со што вкупниот број на починати се искачи на 179 лица.

Србија досега има евидентирано 9.009 заразени лица со коронавирус, 179 починати и 1.343 излечени граѓани, јави дописникот на МИА од Белград.

Во изминатите 24 часа, тестирани се рекордни 6.703 лица, од кои позитивни на вирусот се 285 граѓани, најмногу во Белград или 90 лица биле позитивни од 1.843 тестирани, изјави на владината прес конференција покраинскиот секретар за здравство Зоран Гојковиќ.

Вкупно во Србија досега се тестирани 85.645 граѓани од кои кај 9.009 е потврден случајот на зараза со вирусот, а излечени се 1.343 пациенти.

Во болниците и привремените центри за пациенти со Ковид-19 хоспитализирани се 2.479 лица, од кои со влошена клиничка слика и на респиратор се 71 лице.

Од вирусот во изминатите 24 часа починати се шест лица, двајца мажи и четири жени, со што вкупниот број на починати се искачи на 179 лица.

Коронавирусот во Србија се има проширено и во казнено-поправните заводи, во КПЗ Забела во Пожаревац, каде се регистрирани 22 случаи позитивни на коронавирус.

На прес конференцијата на новинарското прашање за синоќешните протести со бучава на граѓаните и протестите за поддршка на власта со огномети, каде за време на полицискиот час имаше и случаи на собирања на граѓаните, покраинскиот секретар за здравство, Зоран Гојковиќ, оцени дека сето тоа е непримерно.

-Ние сме здравствени работници и не би коментирале политички теми. Но, од било која страна да е организирано, сето ова е непримерно, неодговорно и жалосно затоа што со ова се потиска во втор план поддршката на здравствените работници за време на епидемијата, кажа Гојковиќ.

Српската Влада на денешната седница донесе измени на одлуката во врска со мерките за заштита на населението од заразната болест Ковид-19 за време на првомајските празници, со што забраната за движење ќе започне денес во 18 часот и ќе трае до сабота, 2 мај во 5 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот