Коронавирусот се појавил во Европа порано отколку што се претпоставуваше?

Експертите во Италија утврдуваат дали вирусот бил присутен уште пред да почне епидемијата во Вухан.

Италијанските истражувачи ја проверуваатт можноста коронавирусот да бил присутен многу порано отколку што претходно се мислеше односно дали зголемениот број на случаи со воспаление на белите дрободи за време на сезонскиот грип всушност биле заболени од корона вирус. Со тоа се поставува прашањето дали корона вирусот во земјата стигнал порано отколку што претходно се претпоставуваше.

Епидемиологот Адријано Декарли, кој е и професор по медицинска статистика на Универзитетот во Милано, за Ројтерс изјави дека бил забележан голем пораст на бројот на лица кои биле хоспитализирани поради воспаление на белодробието и грип во областите на Милано и Лоџи во периодот меѓу октомври и декември минатата година.

Тој вели дека во моментов не може да даде точни бројки, но посочува дека стотици лица повеќе од вообичаеното биле хоспитализирани последните три месеци од 2019 година во овие области кои се најтешко погодени градови во областа Ломбардија. Голем број од случаите за кои се сметало дека имаат грип и симптоми кои ги предизвикува ова вирусно заболување, починале на тамошните клиники.

Декарли ги проучува болничките извештаи и другите клинички документи поврзани со овие случаи, вклучувајќи ги и оние случаи во кои пациентите починале откако биле пуштени на домашно лекување.

– Сакаме да утврдиме дали вирусот веќе бил во Италија кон крајот на 2019 година. Доколку бил присутен, се поставува прашањето зошто не бил забележан релативно долг период за кој би имале доволно време за да креираме јасна слика за ситуацијата во случај да треба да се соочуваме со втор бран на епидемијата, вели Декарли.

Според Светската здравствена организација, коронавирусот кој предизвикува респираторни компликации, не бил познат пред да биде забележана епидемијата во Вухан, во централна Кина декември минатата година.

Други експерти пак ја поставуваат хипотезата дека новиот вирус циркулирал во Европа пред крајот на 2019 година.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот