Коронавирусот се појави и во хрватската Влада: Позитивна министерката Брњац, уште двајца министри одат во самоизолација

Фото: EPA-EFE/PATRICK SEEGER

Хрватската министерка за туризам и спорт, Николина Брњац е позитивна на коронавирус, па заради нејзиното учество на состанокот во Владата во сабота, мерка за самоизолација е изречена за двајца хрватски министри, а на останатите присутни им е изречена мерка на пасивен надзор, јавува Хина.

Самоизолација е одредена на министерот за труд, Јосип Аладровиќ и министерот за економија и одржлив развој, Томислав Чориќ, кои седеле покрај министерката Брњац.

Министерката за туризам и спорт, Николина Брњац објави дека се тестирала за коронавирус, а резултатите од тестот покажаа дека таа е позитивна“, рекол портпаролот на владата, Марко Милиќ.

Министерката денеска почувствувала симптоми на болеста и одлучила да се тестира, но е во добра здравствена состојба со блага клиничка слика, односно благо покачена температура, додал Милиќ.

Таа, како и членови на нејзината фамилија, ќе бидат во самоизолација, додека двајцата министри ќе бидат во самоизолација 14 дена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот