Коронавирусот речиси целосно го замре туризмот во Турција
Турција во 2019 година имаше вкупно 45 милиони посетители и 34,5 милијарди долари приход од туризмот, исклучително важни за развој на економијата.
Турскиот туризам речиси замре во април поради падот на брокот на странски посетители за повеќе од 99 отсто под влијание на ограничените патувања за да се сузбие пандемијата од коронавирус.
Во април во Турција допатуваа само 24.238 странски посетители, додека во истиот месец лани се забележани 3,29 милиони, покажаа во петокот податоците на министерството за туризам.
Во првите четири месеци годинава нивниот број е повеќе од преполовен, на 4,3 милиони.
Истанбул имаше најмногу посетители, вкупно 2,3 милиони во првите четири месеци од 2020. Најмногу гости имало од Бугарија од каде во Турција пристигнале 400 илјади посетители, следува Германија со непото повеќе од 356.000.
Турција во 2019 година имаше вкупно 45 милиони посетители и 34,5 милијарди долари приход од туризмот, исклучително важни за развој на економијата.
Оваа недела повторно почнаа да примаат резервации од странство за повторно покренување на услугите на здравствениот туризам за странци.
Хотелите во Анталија одвоено заполнаа со подготовки за повторно отворање, во склад со новите владини безбедносни мерки за справување со пандемијата.
Турција на 27 март ги запре сите меѓународни летови за да го сузбие ширењето на вирусот.
Националниот авиопревозник Туркиш Ерлајнс оваа недела ја продолжи забраната за меѓународни летови до 10 јуни додека домашните летови се запрени до 4 јуни.