Коронавирусот пристигна и во Мексико

Фото: EPA-EFE/JIJI PRESS

Денеска, крузер со 6.000 туристи на крстосување низ Карипското Море што бил одбиен да влезе во водите на Јамајка и на Кајмански Острови, му било одобрено да се вкотви во пристаниште на Мексико.

Мексико за првпат регистрира коронавирус во земјата откако двајца граѓани кои патувале во Италија имале позитивна дијагноза, а две карипски земји, Јамајка и Кајмански острови, одбиле влез на крузер во своите води.

Според Хуго Лопез Гател, заменик министер за здравство, едниот од заболените е во Мексико Сити, а другиот во северната држава Синалоа, јави „Лос Анџелес тајмс“. Според него, тестовите за вториот случај се уште не се готови, но „го третираме како потврдено“.

Заболените Мексиканци се чувствуваат добро.

Епидемијата на смртоносниот нов коронавирус Ковид-19 се прошири од Кина во над 50 земји на сите континети, освен Антарктикот. Во целиот свет, речиси 88 ијади се инфициарни, а досега починаа 2,872 лица.

Денеска, крузер со 6.000 туристи на крстосување низ Карипското Море што бил одбиен да влезе во водите на Јамајка и на Кајмански Острови, му било одобрено да се вкотви во пристаниште на Мексико.

На патниците ќе им биде дозволено да стапнат на копно се додека не ги поминат „лекарските стандарди”, изјави мексиканскиот претседател Мануел Лопез Обрадор.

Бразил синоќа го потврди првиот случај на коронавирус во Јужна Америка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот