Коронавирусот предизвикува оштетување на белите дробови, дури и неколку месеци по инфекцијата!

бели дробови
Фото: Профимедиа

Најновите истражувања покажаа дека коронавирусот може да предизвика абнормалности во белите дробови повеќе од три месеци по инфекцијата.

Истражувањето е направено на Универзитетот во Оксфорд, а научниците користеле нова техника на набљудување за да ја идентификуваат штетата што не ја забележале докторите при класичниот преглед, пренесува „Би-Би-Си“.

Unsplash

Научниците, наводно, користеле ксенон гас за време на магнетна резонанца за да добијат јасни снимки од оштетување на белите дробови.

Новата истражување се состоело од пациенти кои вдишуваа гас за време на снимањето на нивните бели дробови. Снимање било извршено на 10 пациенти на возраст од 19 до 69 години, од кои осум имале отежнато дишење, а некои се пожалиле на замор три месеци по болеста, иако не биле на интензивна нега или хоспитализирани.

За време на скенирањето, овие осум пациенти покажале оштетување на белите дробови нагласувајќи области каде воздухот не оди лесно во крвта.

Unsplash

Поради првите откритија од истражувањето, се планира да се испитаат до 100 лица, со цел да се утврди дали тоа се случува кај пациенти кои немале силни или немале никакви симптоми.

Целта е да се открие дали оштетувањето на белите дробови постојано ќе се случува кај пациените кои се носители на коронавирусот или го прележале, а имаат здравствени потешкотии по неколку месеци и дали ќе биде трајно или привремено.

Преземено од Еспресо.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот