Коронавирусот повторно се врати во мак-баскетот

фото: Академија ФМП

Откако екипата на Куманово потврди дека има позитивни случаи на корона, денеска се огласи и екипата на Академија ФМП која беше последен противник на кумановчани во кошаркаркарска прва лига.

Од тимот од Кисела Вода, соопштија дека веднаш откако дознале оти има позитивни случаи на коронавирус во Куманово, направиле тестирања и резултатите покажале дека двајца кошаркари се позитивни на ковид-19.

Почитувани,
Поради ново настанатата ситуација во екипата на КК Куманово кој беше и наш директен противник во последниот натпревар одигран во саботата по кој се појавија позитивни случаи во нивниот тим, двајца наши играчи пројавија симптоми и беше извршено тестирање врз истите.
Играчите беа веднаш изолирани од останатиот дел од екипата, но за жал резултатите покажаа позитивен резултат, односно присуство на вирусот кај двајцата играчи од екипата.
Според препораките од Институтот за Јавно Здравје, останатиот дел од екипата оди во изолација. Сите играчи и членови на стручниот штаб се во добра состојба како и двајцата позитивни случаи.
Жалиме што натпреварите од следните две кола нема да бидеме во можност да ги одиграме поради оваа настаната ситуација“, објави Академија ФМП

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот