Коронавирусот покоси дом за стари лица за само две недели: Канада преживеаните ги изолираше и им пружи подобра нега (ВИДЕО)

Фото: Screenshot

Минатата недела – по 16 смртни случаи – болните станари во куќата конечно се одвоени од здравите, наведува Си Би СИ Њуз. Коронавирусот во Пајнкрест првпат е прогласен на 18. март.

Пензионерски дом во Канада кој изгуби речиси половина од станарите поради коронавирусот, сега се подготвува да ги заштити преостанатите здрави жители кои преживеаја покрај заразените соседи речиси две недели.

Старскиот дом Пајнкрест, приватен објект во гратчето Бобкаиџн, Онтарио стана еден од најсмртоносните заришта во земјата. 27 од 65 станари на куќата и подлегнаа на болеста, а премина и сопругата на еден од станарите, кој често доброволно доаѓал во куќата.

Но, дури минатата недела – по 16 смртни случаи – болните станари во куќата конечно се одвоени од здравите, наведува Си Би СИ Њуз. Коронавирусот во Пајнкрест првпат е прогласен на 18. март.

Тројца станари недолго биле позитивни на Ковид – 19, а следните недели вирусот се повлекол низ куќата, надвладувајќи ги станарите и заразувајќи десетина од персоналот.

Распоредот на објектот ги искомплицирал напорите за сузбивање на епидемијата. Пајнкрест има комбинација на приватни, полу-приватни соби за сместување на станарите, како и заеднички соби во кои спијат по четири лица. ВО некои случаи, само завеса ги одвојувала станарите, иако персоналот на семејствата им рекол дека болните станари се изолирани.

Во изјава за медиумите Пајнкрест и локалните здравствени власти на 20 март соопштија дека сите жители се изолирани во одвоени подрачја со оброци послужени на чинии и персонал кој користи лична заштитна опрема.

По смрттните случаи, преместувањето на објектите конечно му овозможи на персоналот здравите станари да ги пресели во своите сопствени соби. „Тоа е причина поради која сега имаме простор. Зошто изгубивме… станари“, рече Сара Гардинер, медицинска сестра во Пајнкрест за Си Би Си Њуз. „Но претходно, навистина немаше простор за тоа. Мислам дека тоа беше невозможно. 24 припадници на персоналот беа позитивни, а многу станари претпоставуваат дека имаат вирус“.

„Тоа е воена зона – повеќе од една медицинска сестра го кажа тоа“; рече за новинарите д-р Мишел Снар, медицински директор во Пајнкрест. „Се чувствувам како воен командант“.

Како и другите држави ширум светот, и Канада се соочи со голем пораст на бројот на случаи со коронавирус во домовите за долготрајно згрижување ширум земјата, чии станари се меѓу најчувствителните на вирусот. Канада во вторникот пријави 17.063 случаи на коронавирус и 345 смртни слуаи, од кои речиси половина дојдоа од домовите за долготрајно згрижување. Некои установи ги зголемија мерките на претпазливост, вклучувајќи проверка на температурата на работниците кои влегуваат и спречување на помошниците за нега и персоналот за чистење да работат на повеќе локации.

Покраинските челници ветија милиони долари поддршка и ветија дека ќе вработат повеќе персонал. Премиерот на Квебек, Франсоа Лега, рече дека 519 објекти во покраната забележале случај на коронавирус. Во Онтарио починале 67 жители, а 51 дом за долготрајна нега се бори со случаи на коронавирус. „Она што го гледаме дека се случува со нашите постари лица и во нашите домови за долготрајно згрижување, тешко може да се сфати и со нив е тешко да се реши се“, им изјави на новинарите премиерот на Онтарио, Даг Форд.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот