Коронавирусот одзеде живот на европски шампион во бокс

Поранешниот европски шампион во бокс, Анџело Ротоли, почина од коронавирусот објави „Тутоспорт“. Ротоли почина во болницата „Свети Петар“ во Бергамо, а за трагедијата да биде поголема, пред две недели ги загуби и мајката и братот кои исто така починаа од коронавирус.

Ротоли е поранешен италијански и европски првак во тешка категорија, а во 1987 година стана и интерконтинентален шампион во верзијата WBC. Во текот на кариерата имаше 35 борби, а победи во 30, додека запиша и три порази и две нерешни борби.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот