Коронавирусот одложи уште еден меч на Вардар во ЛШ!

фото: РК Вардар 1961/Денис Дуковски

Иако беше одреден нов термин за одигрување на натпреварот на Вардар 1961 во Лигата на шампионите против ПИК Сегед, истиот е одложен.

За одигрување на истиот меч ќе се бара друг термин и координација со двете екипи, веројатно по завршувањето на Светското првенство во Египет кое ќе се одржи во јануари 2021 година.

Планирано беше мечот со ПИК Сегед да се одржи на 22 декември во 20.45 часот во Унгарија.

Во македонскиот и натаму актуелен европски шампион сè уште има позитивни случаи, а екипата сè уште не почнала со целосно тренирање.

Здравјето на спортистите е најважно, а моментно „црвено-црните“ во својата група „А“ е на претпоследната седма позиција со три бода од пет натпревари, а на делба на првото место се Кјелце и Флензбург со по 13 бодови, и двете екипи имаат по осум одиграни мечеви.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот