Коронавирусот одложи пет натпревари во Серија А, меѓу нив и дербито Јуве-Интер!

twitter/SempreInter.com

Одлуката беше донесена во утринските часови по кризната средба меѓу Владата и фудбалските власти, клубовите не сакаа да губат на приходите од влезниците.

Официјално вкупно пет натпревари од 26. коло во Серија А кои што беа закажани да се одиграат викендов, истите се одложени поради епидемијата на коронавирусот што го зафати особено северниот дел на оваа држава.

Одложени се мечевите Удинезе на нашиот Илија Несторовски против Фиорентина, потоа Милан против Џенова на Горан Пандев, Парма-СПАЛ, Сасуоло и Бреша, како и дербито Јувентус-Интер кое што требаше да се игра в недела од 20.45 часот во Торино.

Ваквата одлука беше донесена во утринските часови по кризната средба меѓу Владата и фудбалските власти.

Клубовите не сакаа да губат на приходите од влезниците, особено Јувентус кој би бил домаќин на големиот ривал Интер.

Овие мечеви според најновите информации ќе бидат одржани на 13. мај, а финалето во Купот на Италија е преместено за 20. мај 2020 година.

Воедно овие дуели како што и веќе беше најавено ќе се играат пред празни трибини заради ширењето на болеста во Северна Италија.

13 мај беше избран, бидејќи играчите на Јуве и Интер успеаја да стигнат до полуфиналето на Купот на Италија, како и осминафиналето од европските натпреварувања.

Во другите средби за кои досега нема информација за одложување, в сабота Лацио е домаќин на Болоња, а Наполи на Елиф Елмас го пречекува Торино. А в недела Лече ќе игра со Аталанта, додека Каљари ќе ги одмери силите против Рома.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот